fbpx

Гокси, летај со ангелите: Смртта на Гаврилов ги потресе сите

По кратко боледување, почина Горан Гаврилов (54), сопственик на Националното радио Канал 77.

Некои медиуми пренесоа дека причината за смртта се кардиоваскуларни проблеми.

Гаврилов беше истакнат медиумски работник и основач на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија. Активно учествуваше во иницијативите за регулирање на електронските медиуми во земјава.

Граѓаните со неверување ја примија тажната вест. На социјалните мрежи веќе се споделуваат емотивни пораки.

„Почина уште еден лик од медиумскиот свет. Многу ми е жал. Летај Гокси горе со ангелите. Поголем борец од тебе не знам дали воопшто сретнав. Нека ти е лесна земја“, стои во една од објавите.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Тренд за оваа пролет: Сите ја сакаат фризурата на Ана Николиќ

Ана Николиќ ужива да екпериментира со фризурата. Tокму сега, пред и официјално да започне новата пролетна сезона, таа одлучи дека е време за уште една промена. Пејачката одбра форма и боја која во моментов е водечки тренд според светските стилисти. Косата е обоена со посебна техника. Коренот е темен, а […]