fbpx

Меган Маркл фатена во лага: Ова не е возможно!

Во шокантното интервју со Опра Винфри, поранешната војвотка од Сасекс изјави дека истиот ден кога станала дел од кралското семејство ѝ биле одземени пасошот и возачката дозвола.

Син ми живееше само две недели: Потресна приказна на Опра

Меган Маркл кажа дека од денот на венчавката до повлекувањето од должноста не ѝ биле достапни личните документи.

Роберт Финч од Монархистичкиот сојуз во Канада појаснува дека личните документи на кралското семејство се чуваат во сеф и дека станува збор за рутина.

„Веројатно било што би ѝ било достапно, ако тоа навистина го посакала“, вели тој.

Британските медиуми утринава ѝ ги броеја патувањата на Меган откако стана војвотка. Таа дури 13 пати патувала во странство, а добар дел од тие екскурзии биле приватни.

Како што наведуваат, Меган морала да користи документи во тие прилики, бидејќи право да патува без пасош има само кралицата Елизабета.

Преживеа неверства и секс скандали: Сите тајни на кралицата Елизабета

Во тој период Маркл приватно патувала во Италија и во Франција, а неколкупати ги користела и приватните авиони на своите славни пријатели. Во 2019 година присуствуваше и на тенискиот турнир Ју Ес Опен.

„Незамисливо е таа без пасош да била на „бејби шауер“ во Њујорк, да се среќавала со пријатели во Торонто, да се забавувала во Амстердам и да се дружела со Џорџ Клуни на езерото Комо“, вели Маргарет Холдер, експерт за кралското семејство.

Вистинска принцеза: Само таа не ѝ сврте грб на Меган

Бакингемската палата одби да ги коментира обвинувањата на Меган Маркл дека документите ѝ биле одземени.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Веља Невоља не бирал средства: Нов генијален потег

Српската министерка за култура Маја Гојковиќ им ги предаде на истражните органи документите кои наводно укажуваат на поврзаност на криминалната банда на Вељко Беливук, многу попознат како Веља Невоља, со државни функционери од областа на културата. Таа истакна дека предала два предмета кои се однесуваат на блиски контакти на ресорното […]