fbpx

Потресни сцени: Погребан легендарниот актер од „Подобар живот“

Бројни пријатели, колеги и членови на семејството денеска се собраа на Новите гробишта во Белград каде беше погребан Борис Комнениќ.

Нема веќе такви како тебе: Трогателни зборови по смртта на Борис

Актерот кој се прослави како Саша Гуза Попадиќ во култната југословенска серија „Подобар живот“, почина на 64 години по тешко боледување.

Неговата прерана смрт ги затече фановите во целиот регион. Семејството и понатаму не верува дека нивниот Борис засекогаш ги напушти.

Родителите на Комнениќ кои се во сериозни години храбро и гордо стоеја покрај гробното место на својот син, додека внукот го држеше крстот со името на својот дедо, информира „Ало“.

Претходно, на големата сцена во Народниот театар во Белград, се одржа комеморација на која присуствуваше и ќерката на легендарниот актер. Најголема поддршка на Нина во овие тешки моменти ѝ даде Радован Миљаниќ, јавува „Србија Данас“.

Фото: Ало.рс/М.Митровиќ/Србија Данас

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Гокси, летај со ангелите: Смртта на Гаврилов ги потресе сите

По кратко боледување, почина Горан Гаврилов (54), сопственик на Националното радио Канал 77. Некои медиуми пренесоа дека причината за смртта се кардиоваскуларни проблеми. Гаврилов беше истакнат медиумски работник и основач на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија. Активно учествуваше во иницијативите за регулирање на електронските медиуми во земјава. Граѓаните […]