fbpx

(ФОТО) Не се кријат повеќе: Антиќ и Катарина на ручек

Македонскиот кошаркарски ас Перо Антиќ со фотографија на „Инстаграм“ потврди дека е со нашата позната манекенка со интернационална кариера Катарина Ивановска.

Актуелниот претседател на Кошаркарската федерација објави селфи на кое напиша „Време за ручек“.

Антиќ по 13 години заедница, во 2019 година се разведе од Ружица Максимовска, основач и главен и одговорен уредник на магазинот „Портрет“, со која има три сина.

Ивановска, пак, има син и ќерка од врската со скопскиот бизнисмен Цобе.

Медиумите со месеци шпекулираат дека Перо и Катарина се нова двојка на естрадата, но тие се’ уште ја немаат потврдено врската. Одредени портали дури објавија дека причината за разделбата на манекенката со нејзиниот долгогодишен партнер е токму Перо Антиќ.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Која е жената поради која се разделија Џеj Ло и Родригез?

Фановите се’ уште се во шок по веста за ненадејното раскинување на веридбата на Џенифер Лопез и Алекс Родригез. Странските медиуми пишуваат дека причината за нивното разидување е 31-годишната Медисон Лекрој, старлета и ѕвезда од реалното шоу Southern Charma. Медисон претходно им призна на новинарите дека имала прилика да разговара […]