fbpx

Мими Оро се огласи по апсењето за Веља Невоља: Јасна порака!

Се огласи Милица Живановиќ, или Мими Оро како што се претставува во медиумите, откако на почетокот на месецот беше приведена поради нејзина наводна инволвираност во криминалната банда на Веља Невоља.

Познатата старлета со една објава ги шокираше сите.

„Што и да се случи, ние знаеме која е вистината“, напиша таа на социјалните мрежи позирајќи во долна облека.

Досегашната истрага наводно покажала дека Мими Оро заедно со Тијана Ајфон биле на платен список кај Вељко Беливук и одработувале за него по потреба. Осомничени се за пренесување дрога, но и за перење пари.

Ново шокантно откритие: Вака Беливук ги мамел инспекторите

На сослушувањето, кај една од нив наводно се пронајдени и експлицитни фотографии од жртвите. Извор на истрагата брифира дека на сликите се исчезнатите и брутално убиени навивачи Здравко Радојевиќ и Горан Величковиќ, како и Милан Лепоја, припадник на криминалната банда „Пинк Пантер“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Крвава естрада: Овие ѕвезди ги поврзуваат со Веља Невоља

По приведувањето на старлетите Мими Оро и Тијана Ајфон, вистинска паника владее во естрадните кругови по апсењето на Вељко Невоља. Во неговиот телефон наводно се наоѓаат различни видеа и докази кои би можеле да компромитираат и други познати личности. Прва на удар беше популарната српска пејачка Ана Николиќ која наводно […]