fbpx

Ново шокантно откритие: Вака Беливук ги мамел инспекторите

Во рамките на истрагата против Вељко Беливук, познат како Веља Невоља, откриено е дека пред неполни три години тој му купил стан на инспектор од Управата за криминалистичка полиција, пишува српски „Информер“.

Полицијата се крсти во неа: Која е сопругата на Веља Невоља?

Како што тие дознаваат од извор близок до истрагата, тој стан се наоѓа во центарот на Белград, а во истата зграда Беливук купил еден апартман и за себе.

„Моментално се собираат материјални докази со кои треба да се поткрепат овие оперативни сознанија, по што тој инспектор ќе биде уапсен“, открива соговорникот на „Информер“.

Ја знаете сите: Старлета вмешана во уште едно монструозно дело на Веља Невоља

Двајца функционери во српското МВР веќе се доведени во врска со Невоља. Поранешниот началник на Белградската полиција, Илија Милачиќ, призна вина-откривање на службени тајни и спогодбено доби седум месеци куќен притвор, како и забрана од пет години да се врати на работа во Министерството за внатрешни работи.

Невоља го поврзуваат и со поранешниот заменик началник на Службата за организиран криминал, Горан Папиќ, кој доби триесетдневен притвор.

Фото: Предраг Милосављевиќ

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Пеам за Македонија, така и ќе остане: Васил ги извади спорните кадри од спотот

По бурните реакции кај македонската, но и кај бугарската јавност, „спорните“ кадри од евровизискиот спот на Васил Гарванлиев се отстранети. Новата верзија на видеото ја сподели и самиот пејач, а на фановите им се обрати со следната порака: „Иако со евровизискиот спот имав желба да прикажам ништо друго, освен музика […]