fbpx

Пеам за Македонија, така и ќе остане: Васил ги извади спорните кадри од спотот

По бурните реакции кај македонската, но и кај бугарската јавност, „спорните“ кадри од евровизискиот спот на Васил Гарванлиев се отстранети.

Новата верзија на видеото ја сподели и самиот пејач, а на фановите им се обрати со следната порака:

„Иако со евровизискиот спот имав желба да прикажам ништо друго, освен музика и уметност, навистина ми е жал поради погрешната интерпретација на делото на нашата позната уметница Жанета Вангели. Никој инволвиран во реализација на видео записот, ниту пак претставници од наведената институција намерно не интервенирал во уметничката постановка на Националната галерија Даут Пашин Амам, за што и од самата галерија се изјаснија дека делото на ваков начин е изложено повеќе години. За да нема дополнителни негативни импликации и погрешен приказ на ова уметничко дело, одлучивме да ги отстраниме кадрите кои се однесуваат на него. Благодарам на огромната поддршка која ми ја упатувате овие денови и верувате во мојата искрена намера. Јас повеќе од 20 години пеам и ја претставувам Македонија и македонското знаме, така и ќе остане“, напиша Гарванлиев.

Инаку, спорното дело на Вангели е изработено во триптих техника, a редоследoт на боите се бела, црвена и зелена. Во евровизискиот спот боите се по друг редослед, па делото наликува на бугарското знаме.

Од уметничката галерија веќе изјавија дека се работи за триптих дело кое дозволува да се прави промена на трите делови од уметничката целина. Редоследот на боите бил променет кога Даут пашиниот амам се молерсувал, пред да се сними спотот на Гарванлиев. 

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Мими Оро се огласи по апсењето за Веља Невоља: Јасна порака!

Се огласи Милица Живановиќ, или Мими Оро како што се претставува во медиумите, откако на почетокот на месецот беше приведена поради нејзина наводна инволвираност во криминалната банда на Веља Невоља. Познатата старлета со една објава ги шокираше сите. „Што и да се случи, ние знаеме која е вистината“, напиша таа […]