fbpx

Бугарски пасош има 20 години: Тешката животна приказна на Гарванлиев

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако стана вирално ланско интервју на нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев во кое признава дека има и бугарско државјанство.

Дел од македонските граѓани дури иницираа и онлајн петиција за негово повлекување од „Евросонг“.

За направениот привид, особено во овој чувствителен период за нас кога е во прашање бугарската надворешна политика, организаторот МРТ молчи, иако проектот „Евровизија“ тежок повеќе од 100.000 евра е финансиран со народни пари.

Во меѓувреме се огласи Гарванлиев и преку видео-обраќање се обиде да објасни зошто има и бугарски пасош.

„Во 1997 година мојата фамилија одлучи да се преселиме заедно во Чикаго кадешто живеевме неколку години. Не’ депортираа и кога се вративме јас бев малолетен. Фамилијата одлучи да направи неколку чекори за безбедност и за иднина за сите нас. Мојата баба, мајка на татко ми, е родена во село Игралишта надвор од Петрич која ни овозможи да добиеме бугарски пасоши кој го имам веќе дваесеттина години. Закон е дека во нашата држава Македонија, двојно државјанство е дозволено“, вели Васил.

Тој нагласува дека кога настапувал на различни сцени насекаде низ светот секогаш го претставувале како „македонскиот баритон“.

По многуте години поминати во странство, Васил во 2018 година одлучи да се врати во татковината, посветувајќи се на креирање автентична музика инспирирана од македонските корени.

Освен интернационална музичка кариера, за која Македонците малку знаат, Гарванлиев има и тешка животна приказна. Тој и претходно во едно интервју откри дека кога имал 17 години, со семејството биле депортирани од САД. Во меѓувреме, во само една година во сообраќајна несреќа загинале татко му и баба му, во период кога секој член од семејството живеел на различна страна од светот.

Ј.П.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Мојот ангел чувар нѐ напушти денес: Влатко емотивно за Ѓуричиќ

Драгољуб Ѓуричиќ, поранешен тапанар на легендарниот македонски состав „Леб и сол“, почина од последици на Ковид-19. Важеше за еден од најдобрите музичари на овие простори, а низ годините соработуваше со големи ѕвезди како Горан Бреговиќ и Здравко Чолиќ. Пејачи и инструменталисти од цел регион со емотивни пораки денеска се простуваат […]