fbpx

Мојот ангел чувар нѐ напушти денес: Влатко емотивно за Ѓуричиќ

Драгољуб Ѓуричиќ, поранешен тапанар на легендарниот македонски состав „Леб и сол“, почина од последици на Ковид-19.

Важеше за еден од најдобрите музичари на овие простори, а низ годините соработуваше со големи ѕвезди како Горан Бреговиќ и Здравко Чолиќ.

Пејачи и инструменталисти од цел регион со емотивни пораки денеска се простуваат од Ѓуричиќ, а меѓу нив и нашиот легендарен гитарист Влатко Стефановски.

„Со голема тага во моето срце го споделувам овој пост. Мојот колега, брат, голем пријател и ангел чувар нѐ напушти денес“, напиша тој на „Инстаграм“ објавувајќи две црно-бели фотографии.

Кокан Димушевски објави црна позадина, а над фотографијата симболично напиша „Бубњарска тишина“.

Се огласи и Гарабет Тавитјан заедно со неговите синови.

„Денес неизмерно нѐ растажи заминувањето на легендарниот маестро и бубњар, г-дин Драгољуб Дјуричиќ. Неверојатен човек, музичка легенда и искрен пријател, голем човек, људина и поим за бубњарството на овие простори од историско значење. Искрено сочуство пријателе од Гарабет и целото семејство Тавитјан, ти благодариме за твоето пријателство, почитување, дружење и несебичниот дух, а посебно за историската музика што ја остави со „Леб и Сол“ и толку неброени други.. Балканска лавино, Бистра водо, Учи ме мајко.. Маестро, бубњај таму горе, направи и таму еден Дан Бубњара во вечноста. Почивај во мир Маестро. Те сакаме“, стои во нивното обраќање.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Позира во долна облека, се бакнува со момчето: Најмладата инфлуенсерка ги згрози родителите

Голем скандал ја тресе Украина откако е откриено дека осумгодишно девојче кое се декларира како инфлуенсерка и блогерка, се забавува со тринаесетгодишно момче, а родителите комплетно ја поддржуваат. Малата Милана Маханец има речиси седум милиони следбеници на социјалните мрежи Likee и TikTok, а нејзините профили ги контролира нејзината мајка Дарја. […]