fbpx

Мајката на Ксенија Пајчин неутешна и по 11 години од трагедијата

Популарната српска пејачка Ксенија Пајчин пред точно единаесет години трагично го загуби животот.

Нејзината мајка Љубица Костиќ се’ уште не може да се помири дека нејзиното чедо не е со неа.

Пред три месеци кога беше роденденот на пејачката, таа првпат после една деценија на гробишта не носеше црно.

На 16 март во 2010 година Пајчин ја уби нејзиниот поранешен дечко, манекенот Филип Каписода, кој потоа изврши самоубиство.

Српските медиуми тогаш објавија дека причината била љубомора. Нивните тела ги пронајде токму мајката на Ксенија во станот на пејачката во Белград.

Фото: Драган Мујан/Нова.рс

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Огромна тага позади насмевката: Тешкиот живот на Ева Лонгорија

Со ликот на Габриела привлече огромно внимание кога првпат на екраните беше емитувана необичната американска серија „Очајни домаќинки“. Ева Лонгорија преку ноќ стана голема ѕвезда и стана една од најангажираните латино-ѕвезди во Холивуд. Сепак, позади нејзината препознатлива насмевка со години ја криеше од фановите болната вистина. И покрај многуте предизвици, […]