fbpx

Огромна тага позади насмевката: Тешкиот живот на Ева Лонгорија

Со ликот на Габриела привлече огромно внимание кога првпат на екраните беше емитувана необичната американска серија „Очајни домаќинки“.

Ева Лонгорија преку ноќ стана голема ѕвезда и стана една од најангажираните латино-ѕвезди во Холивуд.

Сепак, позади нејзината препознатлива насмевка со години ја криеше од фановите болната вистина. И покрај многуте предизвици, остана силна.

Ева има сестра со која многу е поврзана, а која е родена со ментално нарушување. Јавноста овој податок не го знаеше се’ до моментот кога славната актерка одлучи да си ја отвори душата во едно интервју.

„Отсекогаш сум се грижела за неа. Имаше денови кога плачев без прекин и постојано се прашував со што јас ова сум го заслужила. Тоа е рана која ме пече со години“, изјави Лонгорија која во тој период основа и фондација која се грижи за деца со попреченост.

Пред да стане актерка, Ева мечтаела да биде манекенка, но поради висината од само 157 сантиметри не постигна голем успех. Токму кастингот за „Очајни домаќинки“ во 2004 година ѝ го промени животот. Одлично се покажа и во филмот The Sentinel со кој дебитираше на големото платно.

Турбулентни периоди имаше и во љубовта, се’ додека не го запозна Тајлер Кристофер со кого има и дете.

Во оваа врска влезе после два пропаднати брака, со кошаркарот Тони Паркер и со мексиканскиот бизнисмен Хозе Бастон.

Кога конечно помисли дека си го средила животот, следуваа лоши вести. Во 2017 година лекарите констатираа дека нејзината сестра боледува од рак.

„Мојата сестра Елизабет има рак на дојка. Како животот да не ѝ беше доволно тежок. Среќа, болеста ѝ ја открија во рана фаза, имавме среќа. Во тој период почнав сериозно да ја проучувам оваа болест и сфатив колку е сериозна и колку се неопходни навремените контроли“, изјави Лонгорија за магазинот „Пипл“.

Фото: Профимедија/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Првпат се врати да ме прегрне, како да знаеше: Сопругата на Шабан со потресно сведоштво

Сопругата на Шабан Шаулиќ која на 17 февруари 2019 година ја загуби својата љубов, таткото на своите деца и својата најголема животна поддршка, првпат искрено проговори за трагедијата. Гоца раскажува дека и денеска чувствува неверојатни болки, вели дека деновите ѝ се многу тешки, а ноќите предолги. „Секој ден е се’ […]