fbpx

Беше заводник во „Подобар живот“, тешката болест комплетно го промени

Важеше за еден од највпечатливите мажи на југословенската сцена, а како заводник се прослави и во легендарната југословенска серија „Подобар живот“.

Аљоша Вучковиќ или доктор Иво како што најмногу го памти и македонската публика, денес има 74 години. Поради тешка болест со години не глуми, но за конкретната дијагноза одбива да открива детали.

„И да сакам не можам да работам. Болен сум и не се чувствувам добро. Тоа е една од причините што ме нема пред камерите“, изјави актерот во едно интервју.

Вучковиќ со децении е во хармоничен брак со Едита и има две ќерки, Леана и Сара. 

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Палата од 14 милиони: Новиот дом на Меган и Хари

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл живеат во луксузниот крајбрежен град Монтесито, северно од Лос Анџелес. Магазинот „Пипл“ пред неколку месеци информира дека нивната нова куќа е на подрачјето на Санта Барбара. Во тој град живеат и Опра Винфри и Елен Деџенерис. Имотот во Монтесито вклучува девет спални соби […]