fbpx

Позира во долна облека, се бакнува со момчето: Најмладата инфлуенсерка ги згрози родителите

Голем скандал ја тресе Украина откако е откриено дека осумгодишно девојче кое се декларира како инфлуенсерка и блогерка, се забавува со тринаесетгодишно момче, а родителите комплетно ја поддржуваат.

Малата Милана Маханец има речиси седум милиони следбеници на социјалните мрежи Likee и TikTok, а нејзините профили ги контролира нејзината мајка Дарја.

Мила ужива огромна популарност кај руските и украинските тинејџери, работи и како модел и редовно учествува на детски модни ревии.

Неодамна на „Инстаграм“ каде што ја следат повеќе од половина милион луѓе, објави дека е во врска со Паша Паиј, тринаесетгодишен блогер од Москва, но подоцна таа објава беше избришана.

Сепак, оваа љубов предизвика бурни реакции, особено откако во рамките на опцијата „Инстаграм приказни“ имаа сочувано повеќе фотографии на кои се бакнуваат и спијат во ист кревет. На една од нив се прегрнати додека Мила ги мие забите во долна облека.

Откако случајот доби медиумско внимание, сите постови беа избришани, но мајката на девојчето дополнително ја вознемири јавноста изјавувајќи дека нема никакви забелешки за однесувањето на нејзината осумгодишна ќерка.

„Тоа е нивен живот и тие ќе си го градат сами како што си посакуваат“, изјави таа.

Една мајка од Украина напиша дека целиот случај треба сериозно да се преиспита, па дури и повика на Дарја да ѝ биде одземена ќерката, по што масовно ја поддржаа и други родители.

„Поради заработка, од својата ќерка направи совршена мета за педофили. Оваа приказна може многу лошо да заврши, дури и со фатален епилог“, напиша таа.

За случајот се огласи и еден украински новинар и поранешен политичар кој повика веднаш да реагираат надлежните органи и обвини дека ваквата промоција на Мила и Паша е многу блиска со детската порнографија.

Фото: Инстаграм

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Палата од 14 милиони: Новиот дом на Меган и Хари

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл живеат во луксузниот крајбрежен град Монтесито, северно од Лос Анџелес. Магазинот „Пипл“ пред неколку месеци информира дека нивната нова куќа е на подрачјето на Санта Барбара. Во тој град живеат и Опра Винфри и Елен Деџенерис. Имотот во Монтесито вклучува девет спални соби […]