Група холандски научници откриле недостаток на витамин К кој се наоѓа во спанаќот, јајцата и сирењето, кај пациенти кои починале од Ковид-19.
Ова им дало надеж да истражуваат подлабоко, па лекарите откриле врска помеѓу недостатокот на витаминот К во организмот и смртта од ефектите на Ковид-19.
Ковид-19 предизвикува згрутчување на крвта, што резултира во распаѓање на еластичните влакна во белите дробови, а витаминот К, кој се внесува преку храна и се апсорбира во гастроинтестиналниот тракт, е клучен за производство на протеини кои го регулираат згрутчувањето и би можеле да ги заштитат пациентите од развој на потешка болест на белите дробови.
Д-р Роб Јансен советува да се зема витамин К како додаток.
– Оваа хранлива материја е добра за крвните садови, коските и многу веројатно за белите дробови – вели тој.
Витаминот К1 го има во спанаќ, брокула, боровинки.. Витаминот К2 се апсорбира подобро, а го има во холандски и француски сирења, односно во тврди и сирења со благородна мувла.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.