fbpx

Синот го хранам со вода и шеќер: Трогателна приказна на Љупче од Штип

Се задолжувам само за моето дете да има. Има моменти кога немам ни за млеко, па му растворувам вода и шеќер. Ако треба јас нема да јадам, ама за Андреј ќе има, ја почнува својата потресна животна приказна Љупче Смилев, 23-годишен самохран татко од Штип.

Тој во емисијата ,,Срце на Дланка” си ја отвори душата и раскажа со какви предизвици се соочува, особено откако ги напуштила мајката на детето, пишува „Кластер.мк“.

Смилев цел живот се бори да преживее. Растел во домови за деца без родители, спиел по улици. Мајка му го напуштила на пет месеци, а кога имал 13 години татко му завршил зад решетки. Имал тешко, но нормално секојдневие се’ до денот кога починала неговата баба во 2012 година.

– Кога татко ми го осудија, ситуацијата стана многу полоша. Моравме да го продадеме станот поради долгови, а јас морав да одам во малолетни домови, прво во Струмица, па потоа во домот ,,25 мај” во Бутел – открива Љупче.

Кога го напуштил домот останал два месеца кај пријатели во Скопје, па се вратил во Штип каде бил принуден да спие под отворено небо.

– Народот ме гледаше со други очи, никој не сакаше да ми помогне. Не сакаа да ми дадат ни корка леб, често бев гладен – раскажува тој.

Почнал пак да бара ангажман. Краток период бил чувар, па помагал во една автоперална пред да го примат на работа во штипската болница. Таму ја запознал Ирена со која подоцна стануваат родители.

– Мислев дека животот ми се средува, бев среќен, но тогаш почна да се случуваат немили работи. Кога јас ќе заминев на работа, Ирена го оставаше бебето само дома и излегуваше. Влезе во лоши друштва, не се знаеше кога оди, кога доаѓа, не дојде ни на неговиот прв роденден и еден ден си замина засекогаш – завршува Љупче.

Доколку на било кој начин сакате да му помогнете на овој човек, тоа може да го сторите на 075 304 405

Следни Објави

Истражување: Овој витамин помага против корона

Група холандски научници откриле недостаток на витамин К кој се наоѓа во спанаќот, јајцата и сирењето, кај пациенти кои починале од Ковид-19. Ова им дало надеж да истражуваат подлабоко, па лекарите откриле врска помеѓу недостатокот на витаминот К во организмот и смртта од ефектите на Ковид-19. Ковид-19 предизвикува згрутчување на […]