fbpx

Јас сум еден од најгордите Македонци: Нов говор на Гарванлиев, МРТ пред конечна одлука

Во ново интервју, овојпат дадено за „Дојче Веле“, македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев повторно проговори на темата која ги разгоре страстите на социјалните медиуми.

На прашањето како се чувствува, со оглед на фактот што има и македонско и бугарско државјанство, тој вели:

„Како човек! Со огромно срце и искрена душа полна со приказна и музика. Да, јас сум роден во Македонија и верувале или не сум еден од најгордите Македонци. Но, факт, фамилијата не си ја бираме, роднините не си ги бираме. Мојата баба, мајка на мојот татко кои не се повеќе со нас, е родена во село надвор од Петрич. Не се извинувам за тоа. Јас сум горд и на тоа. Но, јас сум Македонец“, вели Гарванлиев.

Бугарски пасош има 20 години: Тешката животна приказна на Гарванлиев

Македонската радио телевизија до крајот на денот треба да одлучи дали тој ќе остане наш претставник на „Евросонгот“ во Ротердам.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

На распит за Веља Невоља: Кој е најпознатиот јутјубер на Балканот?

Богдан Илиќ, еден од најпопуларните јутјубери во регионот чие уметничко име е Бака Прасе, денеска се појави во Службата за борба против организиран криминал каде беше испрашуван за Веља Невоља. Ќе се изненадите: Пејачи, актери и спортисти работеле за Веља Невоља На почетокот на февруари почнаа шпекулациите дека тој бил […]