Милена Радуловиќ, младата актерка која прва се охрабри јавно да проговори за силувањето и за сексуалното вознемирување од страна на професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ, повторно е во фокусот.
За разлика од пред неколку месеци кога цела Србија застана во нејзина одбрана, сега сите ја нападнаа на социјалните мрежи откако одлучи да изрази јавна поддршка за босанскиот филм Quo vadis, Aida? кој доби номинација за оскар.
Меѓу оние што ја нападнаа е и синот на Цеца и Аркан, професионалниот боксер Вељко Ражњатовиќ.
„Само вие продолжете да ги воспевате тие урбани ликови, европејци и останата стока безбожна, што наместо во Бога, верува во се’ што е погрешно, се’ што е лажно.. Тие што не ги почитуваат српските жртви, што плукаат директно по државата каде им пораснале дедовците и татковците и мајките и целото семејство“, напиша Вељко.
Спорниот филм говори за масакрот во Сребреница, а интересно е што главните улоги ги играат српски актери, брачната двојка Јасна Ѓуричиќ и Борис Исаковиќ.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

