fbpx

Луѓето платија со 7.000 животи, сѐ повеќе ќе се умира: Детална анализа на д-р Дејан Трајковски

Да тропнеш и да останеш жив дека денеска имало помалку новодијагностицирани и дека бројот на нови случаи ќе се намалувал, може да значи или дека не знаеш што зборуваш или дека си непоправливо расипан и ич не ти е гајле што народот се’ повеќе ќе се разболува и ќе умира поради твојата негрижа.

Да, се’ повеќе ќе се умира, затоа што од денешниве 999 нови случаи ќе умрат помеѓу 28 и 35 лица по 10-14 дена. Жален факт, но тоа е статистичка неминовност поради долгорочната и прилично стабилна стапка на леталитет од 3,15% +/-0,8%.

Некому можеби епидемијата му изгледа како зафрканција и се однесува неодговорно, ама луѓето тоа до сега го платија со 7.000 животи, сметајќи со дополнителната необјаснета смртност од извештаите на ДЗС. Од лицето на земјата е збришан цел еден град со големина на Берово или Кратово, ако некому не му е јасна бројката.

Но, ајде да не зборуваме на охајбе (како нив) и да фрлиме малку потрезвен и постручен поглед на целата ситуација и да видиме зошто бројките нема да се намалуваат, барем не во наредните 7-10 дена. Нормално, неделните и понеделничките бројки не ги сметаме за намалување поради намалениот број на тестирања преку викендот.

1. Ефективниот репродукционен број Rt, главната мерка на забрзувањето на растот на дневните бројки, не само што е над единица, туку се наоѓа во нагорен коридор, прикажан со парот жолти линии на првиот дијаграм. Дури да се случи веднаш од утре трендот на Rt да ја смени насоката и да биде пробиена долната жолта линија на нагорниот тренд, со нормално темпо на намалување (под услов да нема неколкудневен локдаун 24/7), Rt најрано може да се спушти до единица околу 30 март, односно дури тогаш би запрел растот на дневните бројки. Да нема забуна, до тогаш бројките во просек ќе растат.

2. Споредувајќи го денешниот петок со минатиот, денешните 999 нови случаи претставуваат јасно зголемување за околу 15% во однос на 868 случаи од пред 7 дена. За какво намалување тогаш зборуваме?

3. Денешниве 999 случаи се над седумдневниот просек од 908,6 случаи, што значи дека не само што денешната вредност не е под просекот, туку е над него за десетина проценти.

4. Најпростиот, најстариот и најупотребуваниот индикатор на трендот, брзата и бавната подвижна средина (на втората слика) јасно покажуваат нагорен тренд на бројките, односно јасно забрзување. 7-дневната (брзата) подвижна средина на дневните бројки (црвената линија) е упорно над 14-дневната (бавната) подвижна средина (сината линија), без наговестување за скоро пресекување. Дури и кога ќе се пресечат, поради инерција бројките не можат веднаш да тргнат надолу, како што веднаш не тргнаа ни нагоре на почетокот од февруари.

5. Бројот на активни случаи не само што нема тенденција за израмнување (премин во хоризонтала), туку дополнително забрзува нагоре. На третиот дијаграм ја гледаме линијата на квадратична (параболична) регресија, каде убаво се гледаат скоковите во саботите и забрзувањето. Да се потсетиме, се додека бројот на активни случаи расте, тоа значи дека моментално имаме повеќе нови случаи на ден отколку пред 18 дена – уште еден индикатор на забрзувањето. Таа линија најпрво треба да стане права, па да се свитка надолу за да потврдиме намалување на бројките.

6. Пред нас е сабота, ден со големи дневни бројки, односно ден со голем сезонски индекс според моделот на трендовско-сезонска декомпозиција. Очекуваниот интервал за утре е 1.210 +/-130. Ќе биде тоа добра лекција за оние кои мислат дека бројките се намалуваат. За 3 дена ќе заврши мајтап-полицискиот час и ќе можеме да ги сумираме резултатите од него. Но, уште отсега се гледа – од 871 стигнавме до 1.293 случаи, а допрва ќе гледаме уште поголеми бројки. При вакво влошување на ситуацијата (за што се одговорни) и после сите очајнички барања на населението на најзагрозените општини за заострување на мерките, уште имаат лице да излезат пред јавноста и мирно да соопштат дека немало потреба од порестриктивни мерки, затоа што овие биле доволни и ќе ги собореле бројките. Како што состојбата ќе се влошува и ќе расте бројот на хоспитализирани и починати, ќе слушаме се покреативни и се поглупави изјави и оправдувања. Веќе видена работа од есенскиот бран.

Фејсбук-статус на Д-р Дејан Трајковски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Ова е најнесреќниот хороскопски знак!

Астролозите се едногласни дека еден хороскопски знак има помалку среќа од сите останати во зодијакот. За припадниците на овој знак, работите ретко се движат според планираното. Eдноставно, малкумина од нив добиваат можност за остварување на сите соништа. Постојано се во трка со времето и обврските, животот постојано ги фрла во […]