fbpx

Патувај кон небото: Почина Верица (38), самохрана мајка на три деца

Доцна попладнево ненадејно во својот дом во Тетово почина 38-годишната Верица Зафировска, самохрана мајка на три деца.

Тажната вест ја соопшти долгогодишниот пратеник Влатко Ѓорчев, кој во подолга објава откри детали од животот на Зафировска, инаку претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Теарце.

„Бог да ја прости Верица Зафировска. Жена – борец, наставничка, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Теарце. Видете на нејзиниот Фејсбук каков човек беше. Видете ги нејзините постови последниве месеци. Видете каков добар човек беше Верица. До денес, до последниот ден постираше и пишуваше да се помогне на луѓе, особено на семејствата со мали деца. Последниот одговор на Верица е од денес, само 2 – 3 часа пред да почине, а тоа е одговор на вчерашниот пост за помош на мали деца.

Мамо, не им давај да умрам: Почина дете (4), грешката на лекарите била фатална

Почина денес, попладнево, на само 38 години. Ненадејно и одеднаш, во својот дом во Тетово. Пред 2 – 3 месеци преживеа ковид. Непотврдено, починала од тромб, од згрутчување на крвта, ама тоа ќе го потврдат и утврдат лекарите.

Голема, огромна трагедија и загуба. Затоа чувајте се луѓе, затоа што премногу луѓе загубивме. Премногу млади луѓе заминаа. Верица силно, силно ја сакаше Македонија. Беше голем борец и активист на Унија на жени ОК Теарце и ВМРО ДПМНЕ ОК Теарце. Ми беше чест што ја познавав Верче долги години. На сите митинзи. Во сите кампањи. Одење по врати, дворови и агитации. Со срце и мотивација. По потекло од патриотско и ВМРО-вско семејство од село Варвара, активна во Теарце, наставничка во с. Копанце (општина Јегуновце), до Тетово и цел Полог. Колку само ја сакаше Македонија…

Сите ја почитувавме Верче. Сочувство до нејзиното семејство и до најблиските. Вечна ѝ слава. Патувај кон небото, македонска душо. Ние ќе ги продолжиме твоите македонски идеали и ќе бидеме тука за твоите три мали ангели што ги остави зад себе“, напиша Ѓорчев.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Исповед на Александра: Станав мајка на 51 година, за бебето се грижам сама

Оваа жена е доказ дека никогаш не е доцна за мајчинство Александра Живковиќ стана мајка на 51 година, а ќерката Хелена која сега има 13 месеци ја добила со вештачко оплодување во една клиника во Солун. Својата приказна одлучи да ја сподели со јавноста во емисијата „150 минути“ кај познатата […]