fbpx

Потресни зборови: Алачки ги расплака сите

Адријана Алачки неодамна сподели емотивна посвета за своите починати родители. Оние кои ја следат на социјалните мрежи навистина се трогнати од нејзините зборови.

Популарната пејачка и авторка на телевизискиот проект „Вкусот на традицијата“ сподели и фотографија на која јасно се гледа од кого ја наследила убавината.

Нејзините зборови во кои се пронајдоа и многу други луѓе ви ги пренесуваме интегрално.

Единствени мои,

Јас ја имав таа среќа да бидете мои родители, што и да напишам нема да Ве опише, оти нема такви зборови. Вие бевте посебни и со огромна душа како амбар, за сите имавте место, што ли душа носевте, од Вас многумина учеа што е „ЧОВЕК“…

Ми недостигате со секој нов ден, се’ повеќе и повеќе, се’ што сум денес е Ваша заслуга, од Вас научив што е семејство, пожртвуваност, љубов, почитување, дарежливост, милост, жалост..

Секој ден поминувам покрај вратата каде што ги живеевме среќните денови сите заедно, нозете сами ми oдеа натаму, ќе ја отворев вратата и доволно ми беше да Ве видам само, тоа ми даваше сила..

Сега истите скали ги минувам, истата врата, навратувам понекогаш во истиот дом, но празно е СЕ’ внатре, само фотографиите, старите украси и миленциња што мајка ми ги штиркаше, старите перничиња плетени на рака, спомените и грижата на совест што не поминува, од ден на ден е поголема што можеби несакајќи ве повредив, а не ми кажавте..

И немав доволно време за Вас..

Родителот секогаш ќе Ви простува, но ќе биде страшно кога самите нема да си простите, затоа преслушајте го секој збор пред да Ви излезе од устата, најдете време за малку внимание и топол збор пред да биде доцна за се’..

Ве сакам со секој атом од мојата душа. Почивајте во мир!

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Знам дека Бог ме сака: Ѓорги е лице со Даунов синдром и огромна верба

Ѓорги е лице со Даунов синдром што го живее својот сон и ужива со полни гради. Помага каде што е потребно, музицира, се дружи со животните.. На фејсбук-профилот на Димитар Тасев се објавени неколку фотографии со емотивна порака. „И никој да не ме сака, знам ДЕКА БОГ МЕ САКА. ТОА […]