fbpx

Тужба по скандалот во „Гранд“: Која е исфрлената кандидатка Вања Кнежевиќ?

Вања Кнежевиќ дефинитивно стана една од најпопуларните натпреварувачки во „Ѕвездите на Гранд“, иако беше дисквалификувана од шоуто.

Младата пејачка од Бања Лука која влезе во отворен конфликт со членовите на жирито, вели дека не отстапува од пеењето и од намерата еден ден да стане голема ѕвезда во својата земја.

„Паралелно одам во две училишта, медицинско и музичко. Не ми е тешко. Сите ми се петки, а песната ми е релаксација. Вредна сум и не сакам да го губав времето залудно. Без оглед на искуството во „Ѕвездите на Гранд“, музиката и понатаму ќе ја сакам. Сакам да станам пејачка. Ми се допаѓа таа поврзаност со луѓето, затоа ја одбрав и медицината“, објаснува таа.

Вања има две сестри за кои вели дека ѝ биле голема поддршка по дисквалификацијата. Сите во семејството се вознемириле поради скандалот.

„Моите родители беа шокирани, но сега се добро откако видоа дека на крај излегов посилна од сите лоши коментари“, вели Кнежевиќ.

Открива дека на нејзина адреса се’ уште не е пристигната тужбата која претходно ѝ ја најави една членка на жирито, но вели дека ако тоа се случи ќе се бори до крај.

Вања проговори и за приватниот живот.

„Немам момче, но кога ќе се вљубам не знам главата кај ми е. Имам додворувачи, ми се јавуваат, но како да чувствувам некој страв од нивна страна. Не брзам никаде, сега најважна ми е музиката“, низ насмевка коментира таа.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Потресни зборови: Алачки ги расплака сите

Адријана Алачки неодамна сподели емотивна посвета за своите починати родители. Оние кои ја следат на социјалните мрежи навистина се трогнати од нејзините зборови. Популарната пејачка и авторка на телевизискиот проект „Вкусот на традицијата“ сподели и фотографија на која јасно се гледа од кого ја наследила убавината. Нејзините зборови во кои […]