fbpx

Држи ме цврсто: Вака зборуваше силуваната Даниела за актерот Бранислав Лечиќ

По скандалот со самопрогласениот професор по глума Мирослав Мика Алексиќ кој се наоѓа во притвор и допрва ќе одговара за неколку силувања и сексуални вознемирувања, нов таков случај денеска ја вознемири јавноста во регионот.

Овојпат, обвинет за силување е популарниот српски актер Бранислав Лечиќ, а жртвата е неговата колешка Даниела Штајнфелд која кај нас е најпозната по улогата во култното остварување „Ивкова слава“.

Лечиќ на социјалните мрежи експресно ги демантираше ваквите тврдења.

„Полека луѓе, ова е најгнасна лага“, напиша тој на „Твитер“ порачувајќи дека дури е подготвен да сведочи и на полиграф.

За трауматичното искуство Даниела проговори пред седум месеци во документарниот филм „Држи ме цврсто“.

„Ме силуваше моќен човек од домашната филмска индустрија. Единствено му се доверував на мојот лаптоп. Снимав кратки видеозаписи кои на крајот завршија во документарец. Тие денеска се скапоцен тестамент, бидејќи искрено покажуваат како жртвата се чувствува“, истакна тогаш актерката.

Сега откри дека тој „моќник“ е токму Лечиќ, инаку поранешен министер за култура и поранешен висок функцинер на Демократска партија.

Штајнфелд сега дополнително откри дека силувањето се случило во мај 2012 година, а четири дена подоцна заедно играле во претстава. Вели дека после тој чин често запаѓала во депресија, а во даден момент дури и размислувала да си го одземе животот.

Фото: Принтскрин/Зорана Јефтиќ

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Наместо шеќер и вода, топол оброк во градинка: Нов живот за синот на Љупче од Штип

Потресната животна приказна на Љупче Смилев, 23-годишниот самохран татко од Штип, ја крена Македонија на нозе. Откако си ја отвори душата во емисијата „Срце на Дланка“ и раскажа со какви предизвици се соочува, особено откако ги напуштила мајката на детето, бројни граѓани и хуманитарни организации се заинтересираа за случајот. Градоначалникот […]