fbpx

Исповед на Александра: Станав мајка на 51 година, за бебето се грижам сама

Оваа жена е доказ дека никогаш не е доцна за мајчинство

Александра Живковиќ стана мајка на 51 година, а ќерката Хелена која сега има 13 месеци ја добила со вештачко оплодување во една клиника во Солун. Својата приказна одлучи да ја сподели со јавноста во емисијата „150 минути“ кај познатата водителка Марија Килибарда.

Александра имала волја, многу љубов, но и храброст во шестата деценија да се одлучи на ваков потег – да се реализира како родител и за детето да се грижи сама. Не планирала да биде самохрана мајка, сакала партнер покрај себе, но, како што вели, по неуспешна 11-годишна врска ѝ требало доста време да се опорави.

„Ништо од ова не беше планирано. Се надевав дека мојот живот ќе има нормален редослед, дека по завршувањето на училиштето ќе се вработам, па ќе се омажам.. Секако, животот никогаш не е онаков каков што си го посакуваме. Позади себе имам врска која лошо заврши во моите позрели години, па ми требаше време да се вратам во нормала. Се посветив на работата, тргнав во реализирање на намерата конечно да си обезбедам свој дом бидејќи со години живеев под кирија. Цело време се надевав дека ќе се појави некој со кого ќе основам семејство, но тоа не се случи“, раскажува Живковиќ.

Како што вели, долго размислувала дали е подготвена за оваа најголема животна авантура. По многу непреспиени ноќи и постојано размислување, сепак одлучила да се впушти во нешто без да знае дали воопшто е подготвена за истото.

„Официјално, со анализи и терапија почнав на 49 години. Во Србија до пред две и пол години не постоеше банка за сперма, а во Солун возрасната граница беше 50 години, па тоа беше мојата последна шанса. Веќе немав дилеми. Знаев дека сакам да се обидам, да го одработам мојот дел, а останатото и онака е Божја волја“, објаснува оваа храбра жена.

Таа гостувањето во емисијата го искористи и да ги охрабри другите жени кои се наоѓаат или во иднина би се нашле во иста ситуација.

„Со некои работи во животот не можеме да управуваме. Мајчинството ќе се случи кога треба да се случи. Не се сите пратени на овој свет со иста мисија“, завршува Александра.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Држи ме цврсто: Вака зборуваше силуваната Даниела за актерот Бранислав Лечиќ

По скандалот со самопрогласениот професор по глума Мирослав Мика Алексиќ кој се наоѓа во притвор и допрва ќе одговара за неколку силувања и сексуални вознемирувања, нов таков случај денеска ја вознемири јавноста во регионот. Овојпат, обвинет за силување е популарниот српски актер Бранислав Лечиќ, а жртвата е неговата колешка Даниела […]