fbpx

Наместо шеќер и вода, топол оброк во градинка: Нов живот за синот на Љупче од Штип

Потресната животна приказна на Љупче Смилев, 23-годишниот самохран татко од Штип, ја крена Македонија на нозе.

Откако си ја отвори душата во емисијата „Срце на Дланка“ и раскажа со какви предизвици се соочува, особено откако ги напуштила мајката на детето, бројни граѓани и хуманитарни организации се заинтересираа за случајот.

Градоначалникот на Штип, д-р Сашко Николов, сподели убави вести на неговиот официјален фејсбук-профил и откри дека оваа тажна приказна добила среќен крај.

„Љупче Смилев од денес почна со работа. Неговото синче од денес е во градинка, заедно со своите другарчиња. Хуманоста на Штип и штипјани на дело. Благодарност до Центарот за социјални работи, Црвениот крст и хуманите штипјани“, напиша Николов и објави две фотографии.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

МРТ ја послуша шефицата: Откажување на настапот на Гарванлиев ќе нè чини пари и углед

Васил Гарванлиев останува македонски претставник на „Евросонг“ во мај во Ротердам, одлучи националниот сервис. Од Македонската радио телевизија (МРТ) конечно се огласија, откако по жестоките реакции во јавноста беше формирана комисија за утврдување одговорност. „Комисијата обрна посебно внимание и го цени укажувањето на шефицата на делегацијата во извештајот дека евентуалното […]