fbpx

Преживеал два логора, трипати се женел: Тешкиот живот на Власта Велисављевиќ

Легендарниот актер Власта Велисављевиќ (95) почина од коронавирус, јавуваат српските медиуми.

Тој беше најстариот активен уметник во цела Европа и последниот жив глумец кој го запознал Нушиќ.

Преживеал два логора. Во 1943 година бил уапсен и однесен во нацистичкиот логор Дортмунд Херде. Успеал да побегне и да се врати во Белград. Потоа бил и на Голи Оток околу три години.

Власта трипати се женел, ја има ќерката Дубравка која живее во Америка и две внуки.

Со актерство почнал да се занимава на 14-годишна возраст. Во својата кариера остварил над 350 улоги во театар, на телевизија и на филм.

Голема популарност стекна во „Подобар живот“, а во театар преку 40 години играше во легендарната претстава „Болва во уво“.

Иако доживеа длабока старост и си ги сакаше годините, Власта не беше од оние кои со воодушевување го славеа роденденот.

– Си ги сакам годините, знаете тоа е мојот капитал. Кога би можел истиот да го уновчам во некоја банка, би било добро, но тие сакаат само да ви ги земат парите. Сепак, не го сакам тој ден, но ете блиските околу мене не ми дозволуваат неприметно да добијам уште една година – се пошегува Велисављевиќ во едно интервју.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Штаргоски: Си ги продаваат куќите и пак не знаат дали ќе останат живи

2.300 евра дневно за лицата со компликации од Ковид 19 за лекување во приватните болници кај нас. За тие што не разбраа пак да повторам 2.300 ЕВРА ДНЕВНО!!! Ало Влада, ало Филипче, ало Премиере, ако и вие не слушнавте добро 2.300 ЕВРА ДНЕВНО!!! – Прво како мислите дека некој со […]