fbpx

СДК: Две девојки на 23 и на 24 години починаа од корона, едната без хронични болести

Две девојки на 23 и 24 годишна возраст починаа во последните 24 часа по компликации од ковид-19, информира порталот „СДК.мк“.

Дваесет и тригодишната девојка имала хронично заболување, велат од Министерството за САКАМДАКАЖАМ.МК

Другата девојка на 24-годишна возраст била позитивна на Ковид-19 и една недела се лекувала во домашни услови со антибиотик, по препорака на матичен лекар.

„Поради проблеми со дишењето, 24-годишната пациентка се јавила во болница и е хоспитализирана во еден од Ковид-центрите од Интернистичкиот клинички блок. Поради влошување на состојбата, пациентката во многу тешка состојба е префрлена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде е продолжено со интензивно лекување. Пациентката не одговарала позитивно на терапијата и за цело време ѝ се влошувала состојбата“, велат од Министерството за „СДК.мк“.

Следни Објави

Раскинале, ама судбината пак ги спои: Љубовната приказна на Љупчо и Андријана

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, има интересна љубовна приказна. Со сопругата Андријана Јакимовска неколку години биле во врска, пред да се разделат кога таа заминала да живее во Словенија. По неколку години, патиштата сосема случајно повторно им се вкрстиле на […]