fbpx

Штаргоски: Си ги продаваат куќите и пак не знаат дали ќе останат живи

2.300 евра дневно за лицата со компликации од Ковид 19 за лекување во приватните болници кај нас. За тие што не разбраа пак да повторам 2.300 ЕВРА ДНЕВНО!!! Ало Влада, ало Филипче, ало Премиере, ако и вие не слушнавте добро 2.300 ЕВРА ДНЕВНО!!!

– Прво како мислите дека некој со помочана плата од 300 евра можи да си го дозволи тоа во Македонија? Да не даде Господ секој од нас може да се најде во оваа ситуација со пандемијава. Ако не се занимаваш со продавање на дрога и крадење тешко дека некој ќе има можност да го плати ова. Дури и тогаш ќе оди тешко. Или ако имаш пари ќе живееш, ако не умри – стоко сиромашна.

– Второ како е можно да им се дозволува на приватните клиники да одат со вакви цени за време на една ваква криза и пандемија?

– Трето што е тоа толку скапо во таа терапија и ако реално е скапа зошто ја немаме во државните болници?

– Четврто зошто ваквите случаи не се покриваат од страна на државата. 2.300 ЕВРА ДНЕВНО!!! Луѓе продаваат станови, куќи, цели имоти и пак неможе да се доплатат. Се собираат пари со СМС пораки, се молат за донации фирми, невидени стресови за цели фамилии! Од една страна се скршени од болка и не знаат дали блискиот ќе остане жив, од друга страна треба да трчаат и да се молат за помош.

– Петто – ОВА Е КРВНИЧКО ПРОФИТЕРСТВО КОЕ МОРА ДА ПРЕСТАНЕ!!!

Фејсбук-статус на Дарко Штаргоски, новинар

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

СДК: Две девојки на 23 и на 24 години починаа од корона, едната без хронични болести

Две девојки на 23 и 24 годишна возраст починаа во последните 24 часа по компликации од ковид-19, информира порталот „СДК.мк“. Дваесет и тригодишната девојка имала хронично заболување, велат од Министерството за САКАМДАКАЖАМ.МК Другата девојка на 24-годишна возраст била позитивна на Ковид-19 и една недела се лекувала во домашни услови со […]