fbpx

Криеше дека е болна до последен здив, на децата им остави потресно писмо

Убавата и талентирана актерка ја изгуби најтешката животна битка која храбро ја водеше до последен здив

Иако ќе остане запаметена како една од најталентираните глумици на овие простори, дури од третпат успеала да го положи примениот испит на Академијата за драмски уметности.

Реномираната актерка Станислава Пешиќ е родена во Белград за време на војната, на 7 јуни 1941 година. По завршувањето на студиите, веднаш била ангажирана во Народниот тетатар, а на филмското платно дебитирала 1961 година. За улогата во воената драма „Песма“ на Радош Новаковиќ била наградена на фестивалот во Пула.

Огромна популарност стекнала со улогата на Олга Петровиќ во култната телевизиска серија „Позориште у кучи“. Следувале бројни главни и епизодни улоги, а на ТВ Београд работела и како водителка на програма за деца.

Во 1992 година, на Станислава ѝ е дијагностициран рак. Својата последна улога во драмата „Дуго путовање у ноч“ храбро ја одиграла во време кога била сериозно болна.

Последните години од животот и својата исклучително тешка битка со болеста ги преточила во дневник кој подоцна е објавен во книгата „Деветнаест друштвених игара“ неколку месеци пред нејзината смрт. Во ова дело ги опиша сите стравови и надежи, но го објави и потресното писмо кое во најтешките мигови им го пратила на синовите.

Нејзиниот син Иван пет години беше во брак со актерката Вања Ејдус со која има и ќерка.

Легендарната Пешиќ си замина тивко. Криеше дека е болна се’ до објавувањето на мемоарите. Почина во Белград на 20 ноември 1997 година.

Фото: Југославија наша домовина (фејсбук)/Бата Живојиновиќ (инстаграм)

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Се прослави во „Величествениот“: Почина македонскиот актер Луран Ахмети

Еден од најангажираните македонски актери од Албанскиот театар-Скопје, Луран Ахмети (46), почина од корона. Пред неколку дена бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но не успеал да ја добие најважната животна битка. Почитувачите на неговата исклучитрелно плодна телевизиска, но и филмска кариера се во шок по трагичната вест. Ахмети […]