fbpx

Ја нарекуваа кралица, но почина во беда: Омилената пејачка на Тито заврши неславно

Црногорската пејачка родена во Беране беше многу популарна и важеше за убавица со раскошен глас. Ја имаше честа да му пее на Тито, а во даден момент беше и една од најплатените интерпретаторки 

Музичка кариера на Латифа Кујовиќ Нафија почнала сосема случајно во Сараево, по една средба со легендарната пејачка Дивна Костиќ. 

„Таа ме навлече на оваа работа. Талентот секако го имав. Триесет години пеев и живеев по хотели. Нема град во поранешна Југославија кадешто не сум настапила. Пеев и во Трст. Какво беше тоа време, какви луѓе. Ова денес се’ е.. Каква музика, таква држава“, раскажа Нафија во една прилика.

Иако успешно ја градеше кариерата, сепак судбината си поигра со неа, па во животот доживеа многу загуби и удари. 

„Кралица“, како што ја нарекуваа, почина во беда и сиромаштија. Последните месеци пред да замине на оној свет наводно била принудена да ја продава својата веќе носена гардероба. Како што еднаш кажа и самата, заработувала многу, но не успеала ништо да заштеди. 

„Да не бев паметна и да не настапував преку белградска „Естрада“, немаше да имам ниту за леб“, зборуваше во едно интервју во кое се пожали дека преку ноќ сите ја заборавиле.

Латифа своевремено го сподели и своето искуство со Маршалот.

„Му пеев на Тито, но и на неговиот син Жарко. Направи скандал. Дојде полиција и го приведе“, откри таа.

Во долгогодишната кариера, Латифа остварила пријателства со многу политичари, а меѓу нив и со поранешниот претседател на Црна Гора, Блажо Јовановиќ. 

„Двајцата браќа ми загинаа во војна, а мене ме тераат да одам боса на избори“, често знаеше да каже со достоинствена насмевка. 

Почина во 2015 година, а е погребана на муслиманските гробишта Јасиковац. 

Фото: Принтскрин/јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Шокантен пресврт: Бранислав Лечиќ откри зошто бил насилен кон жени

Јавноста во регионот не мирува откако Даниела Штајнфелд го обвини колегата Бранислав Лечиќ дека ја силувал во 2012 година. Сега во медиумите се појави и дел од интервју на популарниот српски актер дадено во 2007 година. Лечиќ кој е и поранешниот министер за култура и поранешен висок функцинер на партија, […]