fbpx

Шокантен пресврт: Бранислав Лечиќ откри зошто бил насилен кон жени

Јавноста во регионот не мирува откако Даниела Штајнфелд го обвини колегата Бранислав Лечиќ дека ја силувал во 2012 година.

Сега во медиумите се појави и дел од интервју на популарниот српски актер дадено во 2007 година.

Лечиќ кој е и поранешниот министер за култура и поранешен висок функцинер на партија, по нападите изјави дека никогаш не бил агресивен кон ниту една жена, но на прашање од спорното интервју дали некогаш во животот удрил жена, тој одговара потврдно.

„За жал, двапати. Првпат во пубертет, бидејќи девојката ме лажеше, а тоа органски не можам да го поднесам. Се повтори пред извесно време, но тоа е навистина поранешна приказна која никогаш повеќе не би си ја дозволил“, вели тој во разговорот од пред повеќе од една и пол деценија.

Шок: Од родното село на Даниела откриваат детали за нејзиното однесување

Бранислав вечерва повеќе од седум часа се задржа на информативен разговор во полицијата во врска со обвинувањата на Штајнфелд дека ја силувал. По распитот изјави дека на негово експлицитно барање, извршено е и полиграфско испитување и дека сите информации што ја интересираат јавноста може да се најдат во полицијата и во обвинителството.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ќе остане синоним за една љубов: Трогателна посвета за Хаџиманов

Легендарниот македонскиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов (77) денеска почина од последици на Ковид-19 во Белград. Дел од медиумите, повикувајќи се на негов статус од петти март, објавија дека тој и неговата сопруга се вакцинирале, па многу е веројатно дека се заразил пред ревакцинација. Хаџиманов беше неповторлив уметник и […]