Тешки компликации за три дена: Караџовски објасни како напаѓа вирусот

Со британскиот сој од 24 до 48 часа се развива клиничка слика која е навидум лесна, меѓутоа воспаление на бели дробови и тешка компликација се прави за нецели три дена, објасни претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, вечерва во гостувањето на Канал 5.

Тој вели дека овој сој се шири за 50 до 70 проценти побрзо. 

– Ако некогаш велевме дека инкубацијата трае до 14 дена, сега е три до пет дена. Клиничката слика може да се појави нагло, во мал временски период со навидум лесни симптоми и со многу потешка компликација прво на белите дробови, но имаме мултисистемско зафаќање од глава, срце, црн дроб, бубрези до оштетување на крвните садови. Значи мултисистемско зафаќање од „чудовиште“ – рече Караџовски.

Следни Објави

Шокантен пресврт: Бранислав Лечиќ откри зошто бил насилен кон жени

Јавноста во регионот не мирува откако Даниела Штајнфелд го обвини колегата Бранислав Лечиќ дека ја силувал во 2012 година. Сега во медиумите се појави и дел од интервју на популарниот српски актер дадено во 2007 година. Лечиќ кој е и поранешниот министер за култура и поранешен висок функцинер на партија, […]