fbpx

Те сакаме тато: Синот на Хаџиманов со емотивно обраќање

Познатиот џез-пијанист и композитор Васил Хаџиманов се огласи по смртта на татка си.

Единственото дете на Зафир Хаџиманов со емотивно обраќање им се заблагодари на сите кои денеска се простија од легендарниот македонскиот уметник кој почина од последици на Ковид-19 во Белград.

„Денеска почина мојот татко Зафир. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа ужасна болест. Позади себе остави вистинското богатство, од песните што така мајсторски лесно ги интерпретираше, преку неговите многубројни и разновидни композиции, книги поезија и проза, па се’ до неповторливите улоги во театар и на филм. Но, пред и над сè, на своето семејство и на најблиските секогаш несебично им ја даваше својата неизмерна љубов, внимание и поддршка“, вели Васил.

Ќе остане синоним за една љубов: Трогателна посвета за Хаџиманов

Тој нагласува дека неговите родители биле една од најталентираните и најубавите двојки во историјата на овие простори.

„Неговиот непобедлив дух, способноста да се снајде во секоја ситуација и да остане на нозе, енергијата се’ што работи секогаш да го прави тоа со целото свое битие, а притоа и истовремено да биде врвен шмекер.. Тоа мора да се памети. Да се памети и да се почитува! Те сакаме тато и засекогаш ќе ни недостасуваш!“, напиша Васил на „Фејсбук“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Вакцинирајте се за да не умрете: Кунгуловски со важна порака

Што значи ефикасност на една вакцина? Ајде да земеме ефикасност против појава на симптоматска болест. Имаме 10 000 вакцинирани и 10 000 невакцинирани луѓе. Ако 5 од вакцинираните развијат симптоматски COVID-19 и 100 од невакцинираните развијат симптоматски COVID-19 тоа значи дека вакцината има 95% ефикасност. Ајде да земеме ефикасност против […]