fbpx

Ме разбуди треска, сѐ ме болеше: Снежана Лупевска ја прими вакцината „Астра Зенека“

Новинарката Снежана Лупевска-Созен откри дека се вакцинирала против Ковид-19 со „Астра Зенека“.

Таа во групата „Ковид 19 искуства и совети“ сподели како се чувствува ден по примената доза.

„Пост вакцинални ефекти. Вчера примив Астра Зенека: Сабајле во 6:30 ме разбуди треска, многу многу ладно. Облечена во тренерки и две кебиња и два јоргана (буквално така), пиев топол чај, па некако се стоплив и заспав. Сѐ ме болеше.. Се разбудив испотена и ми беше подобро, се ресетирав, само чувствувам омалаксаност и блага главоболка. Мислам дека на ова ќе остане и не е причина за страв и паника, туку соодветен имунолошки одговор на моето тело“, напиша таа во групата.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не ве бива, ја сотревте Македонија: Д-р Трајкова удри по власта

Секојдневните трагедии што ги доживуваме сите ние кои работиме во Ковид центрите се НЕИЗДРЖЛИВИ! За пациентите и нивните фамилии не се ни опишува.. Македонија е завиена во црно! А нашите професоришта и стручњачишта чекаат дневен ковид биланс од 2500 заболени!!! Па потоа ќе размислуваат што понатаму??? Не така! Сите ОСТАВКА […]