fbpx

Ова сум јас: Цеце Николова ја извади периката и проговори за болеста

Новинарката Цветанка Цеце Николова е млада и исклучително храбра девојка. Порасна во СОС Детско село и е основач на Здружението за млади лица без родители „За тебе“.

Својата лична приказна пред две години ја сподели со медиумите, а сега одлучи да проговори и за автоимуната болест.

„Од кога знам за себе живеам со алопеција“, им откри таа на своите следбеници на социјалните мрежи, конечно објавувајќи фотографии на кои е без перика.

Нејзиното емотивно обраѓање ви го пренесуваме во целост.

Хај. Мала дигресија. Сакав да ви кажам нешто.

Ова сум јас. Драго ми е што се упознаваме.

Од кога знам за себе живеам со алопеција. Пред 3-4 години некако проценив дека баш во 2021-ва ќе ја извадам периката (која и да е и каква и да е) и ќе се сликам без неа – со коса, кратка. Ама, кај мене никогаш нешто планирано не се десило. Одувек.

Пркни малку, падни многу, пркни повеќе – падни највеќе. 2021-ва дојде. Ја, еве, се сликам без перика.

Ова сум јас, луѓе. Малку се преморив од перики и све што носат тие со себе. Многу внимавање, многу стрес (непотребен) – мрежа се гледала, корен немало, се лизга, ќе ми падне, овој ме гледа, оној примети, онаа рекла се занасам нешо..

Среќна сум што имам алопеција, зошто од неа не се умира!

Само, еве, изгледам како што изгледам. Ама, фала богу што изгледам како што изгледам.

Ова не е ништо друго освен многу работа на себе, многу, многу стрес преживеан, многу работи извадени од под тепих – заборавени една деценија, и вртење на еден нов, многу вистински животен лист.

И, стварно нема поубаво од кога ќе се прифатиш каков што си. Ама нека не ве лажат, лесно не е ич.

Фото: Мартина Трајковска/Шминка: Марија Лазарова

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ѓорчев: Мојот татко е во длабока кома и се бори за живот на респиратор

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, на својот фејсбук-профил откри дека Македонецот кој паднал во кома откако вчера се вакцинирал во Ниш е неговиот татко, познатиот пулмолог Ангелко Ѓорчев. Неговата објава ви ја пренесуваме во целост. Мојот татко Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев е во длабока кома и се бори за […]