fbpx

Вакцинирајте се за да не умрете: Кунгуловски со важна порака

Што значи ефикасност на една вакцина?

Ајде да земеме ефикасност против појава на симптоматска болест.

Имаме 10 000 вакцинирани и 10 000 невакцинирани луѓе. Ако 5 од вакцинираните развијат симптоматски COVID-19 и 100 од невакцинираните развијат симптоматски COVID-19 тоа значи дека вакцината има 95% ефикасност.

Ајде да земеме ефикасност против појава на смрт.

Имаме 10 000 вакцинирани и 10 000 невакцинирани луѓе. Ако 0 од вакцинираните починат од COVID-19 и 100 од невакцинираните починат од COVID-19 тоа значи дека вакцината има 100% ефикасност.

Вакцините на Pfizer/BioNTech и Moderna имаат ~95% ефикасност против симптоматска болест, вакцините на Astra Zeneca и Јohnson&Johnsson имаат ~70% ефикасност против симптоматска болест после една доза. Спутник В има најверојатно ~90% ефикасност против симптоматска болест, додека пак вакцината Синофарм има ~70% ефикасност против симптоматска болест. Ефикасностите се пресметани најмалку 3 недели до 8 недели после примање на првата доза.

Вакцините Pfizer/BioNTech, Moderna, AstraZeneca, Јohnson&Johnsson, Sputnik V и Sinopharm имаат 100% или блиску 100% ефикасност против смрт од COVID-19.

Затоа вакцинирајте се со првата вакцина што ќе стане достапна за да не умрете. Вакцините почнуваат да делуваат најрано 3 недели после примање на првата доза и понатаму ефикасноста им се зголемува.

Да научиме од Србите: не треба да се чувствуваме сигурно и одиме по кафани прв или втор ден после примање на вакцина. По кафани на отворено или домашни собиранки само после примање на предвидените дози од вакцините и само со вакцинирани или претходно заразени луѓе.

Фејсбук-статус на д-р Горан Кунгуловски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Ме разбуди треска, сѐ ме болеше: Снежана Лупевска ја прими вакцината „Астра Зенека“

Новинарката Снежана Лупевска-Созен откри дека се вакцинирала против Ковид-19 со „Астра Зенека“. Таа во групата „Ковид 19 искуства и совети“ сподели како се чувствува ден по примената доза. „Пост вакцинални ефекти. Вчера примив Астра Зенека: Сабајле во 6:30 ме разбуди треска, многу многу ладно. Облечена во тренерки и две кебиња […]