fbpx

Животот на загинатиот чешки милијардер: Кој е мистериозниот Петр Келнер?

Светот се’ уште е во шок по смртта на Петр Келнер, чешкиот милијардер и еден од најбогатите луѓе во светот кој загина во хеликоптерска несреќа на Алјаска.

По трагедијата светските медиуми дополнително се заинтересираа за него, како се збогатил, што се’ поседувал, какво детство имал и за други интересни детали од неговиот живот.

Келнер не пораснал во ситуирано семејство. Во 90-тите години на минатиот век дистрибуирал машини за фотокопирање, а првите големи пари ги направил од бизнисот со стакло.

На листата на најбогати според „Форбс“ (неговото богатство е проценето на 17,5 милијарди долари) влегол по големите вложувања во финансискиот и во секторот со недвижности.

Поседувал повеќе имоти ширум светот. Сите трансакции се извршени во тајност, па јавноста не е запознаена што се’ купил богатиот Чех.

Најмногу патувал со авиони, а и самиот поседувал два и тоа луксузно опремени со спални, туш кабини и места за шест патници. Не е познато дали имал дозвола за пилотирање.

Има четири деца, иако позната е само Ана Келнер, чешка натпреварувачка во категоријата млади јавачи. Била и државен шампион.

Двапати се женел. Со неговата прва сопруга Ива Келнер немаат потомство. Неговата актуелна сопруга Рената е и основач на семејната фондација која во 2010 година уплатила значителна сума за помош на загрозените жители од поплавите во Чешка.

За приватниот живот на Келнер малку се знае. „Беше човек кој не се експонираше, не даваше интервјуа и ретко се фотографираше, а неговата фамилија се селеше често па немаше прилика да создаде пријателства“, вели еден неименуван извор.

Фото: Профимедија/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Мислела дека ја исмејуваат: Се самоуби ќерка на познат музичар, фановите во шок

Се самоуби Мина Топли Брд (24), ќерка на докажаниот британски рапер и продуцент Трики, инаку основач на популарната група „Масив Атак“. Талентираната музичарка непосредно пред трагедијата им се доверила на членовите на нејзиниот бенд дека „верува оти публиката ја исмејува“. Мина починала во болницата „Вест Парк“ во Дарлингтон, откако неколку […]