fbpx

Фановите во шок: Раста проговори за Веља Невоља

Популарниот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста кој неодамна беше осуден на една година домашен затвор поради поседување наркотици, конечно проговори за односот со уапсениот Вељко Беливук, познатиот Веља Невоља кој е осомничен за серија злосторства.

Медиумите уште пред два месеца пишуваа за сериозен сомнеж дека Раста дилал дрога за Невоља. Како една од причините за можната поврзаност се наведуваше фактот што меѓу уапсените блиски соработници на Вељко се најде и поранешниот полицаец од Лозница, Владо Георгиев, кој речиси една година му бил менаџер на Раста.

„Тоа беа претпоставки без аргументи, но на многу работи кои се непријатни за човек научив да реагирам со внимание, да бидам одговорен кон било каков став кој ќе го градам врз основа на факти. Не е пријатно да го видите својот џип таму и било кој да ве става во контекст поврзан со полицијата. Јас бев инволвиран во различни приказни, тоа е мојата страна каде ќе одбирам со кого ќе разговарам. Кога те нема долго, оставаш простор да акумулираат приказна за тоа, а да не е вистина. Никогаш не сум се занимавал со демантирање – изјави раперот за „Курир“.

Во меѓувреме со криминалната банда на Беливук беше поврзувана и неговата поранешна сопруга Ана Николиќ. Атрактивната поп-ѕвезда ја поврзуваа со обвинителот Томо Зориќ кој наводно во повеќе наврати ја злоупотребил службената должност за да ги заштити интересите на Беливук.

Ќе се изненадите: Пејачи, актери и спортисти работеле за Веља Невоља

Потсетуваме дека Невоља и неговата криминална банда се осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Роди здраво бебе, но ја изгуби битката: Елена е пациентката која почина на 34 години

Нишка за ослободен кревет во 8ми Септември. Се викаше Елена, а вие ја знаете по денешната статистика на починати пациенти од ковид, односно ‘најмладиот пациент на возраст од (неполни) 34 години’. И толку. За некого само бројка, за друг трагедија. Секојдневно само ги чекаме и читаме бројките, не запрашувајќи се […]