fbpx

Загина кога беше најпопуларна, трагедијата ја споредуваа со онаа на Тоше

Популарната хрватска актерка Долорес Ламбаша која во 2013 година загина во страшна сообраќајка, вчера ќе го прославеше јубилејниот 40-ти роденден.

Почина кога беше најпопуларна. Глумеше во повеќе ТВ-новели, често ја ангажираа и како модел и редовно ја имаше на насловните страници.

Ламбаша со колегата Стојан Матавуљ се враќаше од Белград кога се случи несреќата.

Актерката која вниманието го привлекуваше со нејзиниот атрактивен изглед, животот го загуби на делницата од патот на која загина и легендарниот македонски пејач Тоше Проески.

Медиумите тогаш акцентираа неколку детали кои и денес звучат морничаво. И Долорес и Тоше се родени 1981 година, а и двајцата загинаа во октомври, споредија хрватските медиуми.

Ламбаша беше позната и по нејзините бурни врски, главно со постари мажи.

Јавноста најмногу ја памети нејзината романса со бизнисменот Јосип Радељак која траеше четири години.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Фановите во шок: Раста проговори за Веља Невоља

Популарниот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста кој неодамна беше осуден на една година домашен затвор поради поседување наркотици, конечно проговори за односот со уапсениот Вељко Беливук, познатиот Веља Невоља кој е осомничен за серија злосторства. Медиумите уште пред два месеца пишуваа за сериозен сомнеж дека Раста дилал дрога за Невоља. […]