fbpx

(ФОТО) Македонските пејачки без шминка

Поп-ѕвездата Елена Ристеска лани на својот профил на „Инстаграм“ сподели фотографија на која позира без шминка.

„Можеби е храбро да се постираат такви слики, но секој треба да си ги сака своите несовршености. Јас моите си ги сакам!“, им порача таа на своите фанови.

Овој предизвик го прифати и нејзината колешка од фолк-сцената, атрактивната Елена Велевска.

Со правила немаше никаде да стигнам: Велевска по малтретирањето и разводот

Облечена во тренерки без грам шминка на себе си направи селфи додека се опушта со читање, а оние кои ја следат на социјалните мрежи ѝ порачаа дека природниот „лук“ одлично ѝ прилега.

Дека познатите Македонки немаат комплекс за својата убавина, добар пример е и докажаната пејачка, авторка и хуманистка Кристина Арнаудова.

За неа одењето во продавница со комплетен мејкап во најмала рака е смешно.

„За себе си имам фино мислење, се сакам себе си со сите мои убави и лоши страни. Си ги знам маните и одлично се носам со нив. Супер се носам со моите малку клемпави уши, мојот карактеристичен нос и специфични заби и немам намера тоа да го коригирам“, се отвори таа во една прилика.

Дека природниот изглед е повторно во мода, познатите секојдневно покажуваат. Една од нив е и Тамара Тодевска која, сепак, во едно интервју призна дека не се чувствува баш пријатно без мејкап.

„Имам кратки и густи трепки и затоа без римел не излегувам од дома. Без него како да сум без очи“, откри Тодевска.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Подзаборавена билка која помага и за воспаление на белите дробови

Во народната медицина ова растение сѐ уште се смета за многу корисна билка која лекува многу болести. Се користи и како лек и како храна, но и како зачин поради ароматичниот вкус и мирис. Во средниот век била една од главните лековити билки кои се користеле, најчесто за покачена температура […]