fbpx

И цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе ѝ останеш: Турунџиева проговори за мајка си

Познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева со емотивна посвета ѝ го честита јубилејниот 80-ти роденден на мајка си.

„Мојата мајка е таква мајка, што кога зборувам за неа треба да стојам простум.. Што би рекла наша Атиџе: Мајката, и цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе ѝ останеш.. Среќен 80-ти роденден мајко моја, ти благодарам што беше до мене и тогаш, кога околу мене немаше никој.. Биди ми тука уште многу долго“, напиша Турунџиева под фотографијата на која нејзината мајка е во друштво на помалата внука и на хероината од македонскиот оскаровски документарец „Медена земја“.

Сузе подоцна сподели уште една објава инспирирана од мајка си.

„Некој(а) ТВОЈ(А) е некој кој те разбира и чувствува (дури и од далечина) за нијанса подобро од тоа што самата можеш да се разбереш и почувствуваш себеси.. Се’ останато се само: момци, девојки, соседи, колешки, колеги, радознали, гајлеберачи, ортаци, вереници, мажи, жени, симпатии, бивши и идни.. И психотерапевти!Денес, од далечина ги гушкам сите МОИ мили и добри души“, напиша таа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не легнува без серум за лице: Сопругата на Вело Марковски откри како се негува

Евгенија е поранешна манекенка и мисица Речиси двојно помладата сопруга на докажаниот инфектолог Вело Марковски специјално за „Женски магазин“ ги откри своите ритуали за убавина. Евгенија Марковска која има и неколку официјални титули за убавина, вели дека шминка не користи секој ден и дека не легнува пред да нанесе ноќна […]