fbpx

Беше борец на терен, сега се бори за своето дете: Будимир за синот со попреченост

Пред две децении со Кометал Ѓорче Петров испиша историја во Лигата на шампионите, пред да испише една поинаква историја како селектор на машка репрезентација.

Ракометарката Андријана Будимир со години беше борец на терен, а денеска води и една поинаква, лична борба за својот син, но и за сите други родители кои имаат деца со попреченост.

Будимир вели дека физичката активност им помага на децата со аутизам полесно да се вклучат во наставата и да комуницираат.

За предизвиците со кои секојдневно се соочува, раскажа во видеото објавено на фејсбук-страната на Општина Карпош.

„Кога некој има роденден, освен што носат крем бананчиња за сите деца, носат и банана за мојот син, за да знае дека и тој е дел од роденденот“, емотивно раскажува таа.

Будимир која регионалните медиуми се’ уште ја пишуваат како поранешна девојка на Тоше Проески, во 2013 година се омажи за угостителот Јохан Филиповски. Плод на нивната љубов е токму синот Максим.

Ј.П.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Одевме од погреб на погреб: На Андријана половина семејство ѝ починало од корона

На Андријана Мехиа од Мексико за 83 дена ѝ починало половина семејство од последици на Ковид-19, информираат тамошните медиуми. Таа е едно од осумтте деца. Прво го изгубила татка си Хуан кој починал минатата година во јули. Само две недели подоцна нејзината постара сестра Сесилија ги добила првите симптоми. Преку […]