fbpx

Д-р Трајковски: Нема фајде од плазма, да не им се дава лажна надеж на болните

Со месеци читаме на социјалните мрежи како се бара ковид конвалесцентна плазма (CCV) за лекување на тешко болни ковид пациенти.

За жал, оваа метода, којашто на почетокот на пандемијата многу ветуваше, врз основа на многубројни студии во светот е практично целосно отфрлена како неефикасна.

Имено, разликата во стапката на преживување кај тешките ковид болни е статистчки инсигнификантна во споредба со контролната, плацебо група. На обичен македонски јазик кажано, нема никакво фајде од лекувањето со CCV.

Секој може лично да се увери во ова ако пребара на Гугл по клучните зборови „covid convalescent plasma ineffective“. Иако не сум медицински доктор, резултатите на многубројните студии ги разбирам и сметам дека ова повеќе не смее да се одмолчува.

Мислам дека е неетички да им се влева лажна надеж на болните и да се малтретираат семејствата, а напорите подобро да бидат насочени кон поефикасни методи за лекување на ковид-19 (можеби, на пример, коктел од моноклонални антитела).

Фејсбук-статус на Д-р Дејан Трајковски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Беше борец на терен, сега се бори за своето дете: Будимир за синот со попреченост

Пред две децении со Кометал Ѓорче Петров испиша историја во Лигата на шампионите, пред да испише една поинаква историја како селектор на машка репрезентација. Ракометарката Андријана Будимир со години беше борец на терен, а денеска води и една поинаква, лична борба за својот син, но и за сите други родители […]