fbpx

Одевме од погреб на погреб: На Андријана половина семејство ѝ починало од корона

На Андријана Мехиа од Мексико за 83 дена ѝ починало половина семејство од последици на Ковид-19, информираат тамошните медиуми.

Таа е едно од осумтте деца. Прво го изгубила татка си Хуан кој починал минатата година во јули. Само две недели подоцна нејзината постара сестра Сесилија ги добила првите симптоми. Преку ноќ драстично ѝ се влошила состојбата и ја изгубила битката со смртоносниот вирус.

Трагедијата продолжила, па од корона починале и нејзиниот сопруг, мајка ѝ и брат ѝ.

„Одевме од погреб на погреб. Веќе не знаевме дали воопшто има крај“, вели 46-годишната Андријана која е графички дизајнер.

Медиумите нагласуваат дека претседателот на Мексико, Лопез Обрадор, го потценил вирусот и одбивал да спроведе мерки кои биле на сила ширум светот. Исто така наведуваат дека властите го криеле точниот број на починати. Многу бргу работите излегле од контрола и следувала катастрофална состојба.

Андријана вели дека членовите на нејзиното семејство се жртви на недостиг од информации.

„Го изгубив поголемиот дел од фамилијата. Немав време да плачам се’ додека не почина мајка ми. Тоа беше моментот кога сфатив што се случува“, раскажува Мехиа која во моментов посетува психотерапевт во обид да ги реши емоционалните проблеми и траумите кои ги преживеала.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Омилен, скромен и религиозен: Кој е јорданскиот принц Хамза?

За него велат дека е секогаш во контакт со обичниот народ, особина што ја немаат останатите членови на неговото семејство Судбината на поранешниот престолонаследник на Јордан, Хамза бин Ал Хусеин, засега е нејасна откако тамошните власти упаднаа во палатата и уапсија двајца негови соработници по наводна дојава за планиран државен […]