fbpx

Фрлете ги: Овие растенија се опасни по здравјето!

Иако можеби убаво изгледаат, овие 11 растенија не би требало да ги имате во вашата градина, со оглед на тоа што може да бидат многу опасни и отровни.

Сигурни сме дека некогаш сте имале дома барем неколку од нив.

Лутиче

Ова растение може да се најде во многу градини, но пазете вашето дете случајно да не го изеде затоа што може да предизвика сериозно оштетување на дигестивниот тракт. Исто така не би смееле да го собирате. Доколку сокот од стеблото дојде во допир со вашата кожа може да ви предизвика пликови.

Нарцис

Секојдневен контакт на вашето дете со ова цвеќе може да предизвика дијареа, повраќање и мачнина.

Хризантема

Допирање и берење на листовите на ова цвеќе, поради испарувањето што го испуштаат, може да предизвика дерматитис.

Топчиња Бозел

Постарите деца ги користат овие топчиња да ги пукаат во раце, но тие може да предизвикаат сериозни стомачни тегоби.

Напрсток

Дигиталисот исто така е многу опасен за вашето дете затоа што може да предизвика срцева аритмија, збунетост, дефокусираност како и сериозни стомачни тегоби.

Зумбул

Многу лесно може да се откорне, но е и многу отровен во случај да вашето дете голтне и најмал дел од растението.

Бршлен

Бршленот е растение кое расте по висина на дрвата, по камења како и по ѕидови и сите негови делови се горчливи и отровни (не предизвикува проблем при допир). Симптомите се труење со мачнина, дијареа и повраќање.

Глицинија или Син дожд

Ова украсно растение има гроздести бели, розеви или виолетови цветови кои се отровни, како и сите негови останати делови. Труењето со него може да предизвика вртоглавица, повраќање, грчеви и дијареа.

Хортензија

Ова растение најчесто се сади до ѕидовите на куќите, на тревници и по тераси. Цветот е отровен и предизвикува болки во стомакот, потење, малаксаност и повраќање.

Момина Солза

Момината солза расте во шумите, но исто така се сади во градините поради убавиот изглед и пријатниот мирис. Меѓутоа, треба да знаете дека целото растение е отровно. Откако ќе го допрете цветот, стеблото или коренот на растението веднаш измијте ги рацете, вие или вашето дете. Доколку голтне и најмал дел од растението може да ги почувствува следниве симптоми: мачнина, вртоглавица, повраќање, болку во стомакот, дијареа, грчеви. Момината солза исто така има и црвен плод кој е отровен.

Олеандер

Олеандерот расте како зимзелено растение, но поради убавината на неговите цветови може да се одгледува и во градина. Но, многу е отровен (дури и кога ќе се исуши), особено листот, а може да биде дури и смртоносен. Најчест симптом на труење со олеандер е промена на срцевиот ритам и циркулацијата на крвта.

Фото: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Д-р Трајковски: Нема фајде од плазма, да не им се дава лажна надеж на болните

Со месеци читаме на социјалните мрежи како се бара ковид конвалесцентна плазма (CCV) за лекување на тешко болни ковид пациенти. За жал, оваа метода, којашто на почетокот на пандемијата многу ветуваше, врз основа на многубројни студии во светот е практично целосно отфрлена како неефикасна. Имено, разликата во стапката на преживување […]