fbpx

Ова може да ни се случи на сите: Неверување по смртта на Анастасија (25)

Мештаните на едно руско село во близината на градот Новосибирск не можат да се соземат по смртта на нивната омилена сосетка, роднина и пријателка, 25-годишната Анастасија Шербинина.

Младата девојка починала откако влегла во када со мобилниот кој бил приклучен на полнач. Во еден момент телефонот ѝ паднал во водата, а струјниот удар бил фатален.

Нејзината болна мајка во соседната соба гледала телевизија. По повеќе од два часа сфатила дека ќерка ѝ се’ уште е во бањата и дека нешто не е во ред.

Соседите велат дека ваква трагедија не паметат дека се има случено во селото.

„Беше прекрасно дете. Кога порасна, се вработи во еден кол-центар. Беше вредна, се грижеше за мајка си која веќе подолго време е со дијагноза. Не ни е јасно што мислела кога со телефонот влегла во када“, во плач раскажуваат тие.

Во извештајот, полицијата нагласи дека ова може да му се случи на секого доколку не внимава, но и дека овој бизарен настан не можел да заврши поинаку.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не сакам да гледам уште една војна: Милица Стојанова со емотивна посвета

Легендата на македонскиот театар, Милица Стојанова, ја прими вакцината против Ковид-19 на 88-годишна возраст. Таа објави две фотографии на „Фејсбук“ и ги повика граѓаните да покажат разум и солидарност. Нејзината објава ви ја пренесуваме интегрално. „Поминав една војна, онаа Втората светска.. Го искусив татнежот и плачот на земјотресот.. Видов разни […]