fbpx

Битка со најлошата болест: Уште еден македонски доктор засекогаш нѐ напушти

Почина примариус доктор Петар Ачковски на 68-годишна возраст. Целиот работен век го помина како анестезиолог на КАРИЛ, а беше долгогодишен шеф на трауматологија.

Во својата кариера спаси илјадници животи, но ја загуби битката за својот со најлошата болест.

Како експерт во својата област, д-р Ачковски беше баран и од реномирани здравствени центри во светот, како болницата во Данска каде помина дел од својата кариера. Беше дел од тимот кој го лекуваше Киро Глигоров по атентатот.

„Беше доктор високо почитуван од фелата. Несебично го споделуваше своето знаење во областа на медицината со младите негови колеги“, велат оние што го познаваат.

Следни Објави

Небото стана побогато: Трогателна посвета за Елизабета, мајка на две малолетни деца

Елизабета Бабунска (42) почина од рак на желудник. За мајката на 4-годишниот Јаков и на 8-годишната Лина јавноста слушна уште минатата година кога се собираа средства за нејзино лекување во Турција. По интервенцијата, таа за порталот „ММС“ откри како се чувствува. „Малку сум подобра, ама се’ уште не можам да […]