fbpx

Порасна без татко, се ожени на 84 години: Приказната на Тозовац

Легендарниот интерпретатор на народна музика, Предраг Живковиќ-Тозовац, почина од последици на Ковид-19 на 85-годишна возраст.

Колегите од цел Балкан се едногласни дека ова е огромна загуба за музичкиот свет.

Драгана Мирковиќ вели дека никогаш нема да заборави што ѝ порачал на почетокот на кариерата.

„Многу ми е жал. Најмногу го паметам моето прво појавување на телевизија во легендарната емисија „Фолк парада“ каде водители беа Тозовац, Цуне Гојковиќ и преубавата Злата Петковиќ. Колку прекрасно ме најавија како чудо од дете, а тој рече: Пее ова дете, растура! Тоа никогаш нема да го заборавам“, се присети таа.

Исклучително блиска со Тозовац беше и славната пејачка Мерима Његомир која проговори за неговите последни денови.

„Се слушнавме во четвртокот. Ми се пожали дека му е досадно, дека гледа во една точка и дека не знае дали воопшто ќе го пуштат да излезе од болница. Говореше чисто, мислев дека ќе ја добие оваа битка. Тој ми е венчален кум, како брат ми е и многу сум тажна“, изјави пејачката за „Блиц“.

Пред да биде хоспитализиран, Тозовац во една прилика нагласи дека коронавирусот е нешто страшно кое не’ затекна, но и дека бил сведок на многу полоши работи кои се неспоредливи со ова.

„Окупацијата во 1941 беше големо зло. И тогаш имаше полициски час, не смеевте да се појавите на улица. Роден сум во Краљево, а тој град беше еден од најпогодените во Србија. Јас сум едно од тие деца сирачиња. Татко ми го стрелаа и тоа се страшни сеќавања“, раскажа Тозовац.

Легендарниот пејач кој позади себе остави бројни безвременски рефрени, за медиумите беше интересен и со приватниот живот.

На почетокот на годинава конечно се ожени со својата 20 години помлада партнерка Емилија Мима со која четири децении беше во врска.

Ова беше втор брак за него, а првпат се оженил кога имал само 20 години и таа заедница бргу се распаднала.

„Не знам ништо за таа жена, живее со семејството во Америка. Бев многу млад и погрешив во изборот“, изјави Тозовац во едно интервју.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Утре е Благовец: Жени, никако не правете го ова!

Утре го славиме празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец. Секогаш се паѓа на ист датум, на 7 април според новиот календар, а на 25 март според стариот. Се смета за тежок празник на кој не треба да се работи. Постојат повеќе верувања за овој ден. Во некои села […]