fbpx

Утре е Благовец: Жени, никако не правете го ова!

Утре го славиме празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец. Секогаш се паѓа на ист датум, на 7 април според новиот календар, а на 25 март според стариот.

Се смета за тежок празник на кој не треба да се работи. Постојат повеќе верувања за овој ден.

Во некои села се’ уште се практикува адетот жените да не се чешлаат. Се верува и дека оние кои сакаат да имаат деца треба да појдат во црквите и во манастирите, и да се помолат на иконите посветени на Благовештение. 

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките. Децата ѝ благодарат, ја гушкаат и ѝ даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат своите чеда и тие да имаат свои рожби и радости.

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Именден слават Благоја, Блаже, Благојка, Благица..

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Небото стана побогато: Трогателна посвета за Елизабета, мајка на две малолетни деца

Елизабета Бабунска (42) почина од рак на желудник. За мајката на 4-годишниот Јаков и на 8-годишната Лина јавноста слушна уште минатата година кога се собираа средства за нејзино лекување во Турција. По интервенцијата, таа за порталот „ММС“ откри како се чувствува. „Малку сум подобра, ама се’ уште не можам да […]