fbpx

Внесете протеини додека постите: Овие намирници заменуваат месо и млеко

Протеините кои се наоѓаат во месото и во млечните производи се вклучени во метаболичкиот процес и се неопходни за создаваање на ќелии во човечкиот организам. За недостатокот од протеини да не биде штетно по вашето здравје, оние кои постат со недели во своето мени треба да вклучат намирници кои овој недостаток можат да го надополнат.

Зелен зеленчук

Брокулите и спанаќот се сметаат за добар извор на растителни протеини кои треба секогаш да бидат зстапени. Овој зеленчук е богат со витамини, минерали и со диетални влакна, поради што е потребно да си ја збогатите исхраната со спанаќ и со брокула, но и со компир, карфиол, морков или со целер.

Семки

Секоја семка која ви се наоѓа во кујната може да биде добар извор на протеини. Сончогледот има најмногу протеини, кои изнесуваат седум грама во четврт шолја. Сусамот и макот имаат околу пет грама на истата количина.

Патлиџан

Преполн е со антиоксидансот ликопен кој може да ја намали опасноста од рак или од болести на крвните садови. Во една шолја сушен домат има осум грама протеини и седум грама влакна. Тоа е доволно за да исполните три четвртини од дневните потеби за калиум.

Тврдо овошје

Бадемите, лешниците и кикириките се високопротеинска храна. Во најголем процент протеините се застапени кај оревите, кои содржат и голем процент масти. Поради тоа, нутриционистите препорачуваат лимитиран внес од околу 30 грама на ден, што е доволно да ги задоволи нашите дневни протеински потреби.

Грав и грашок

Грашокот, леќата и разните видови на грав се богат извор на протеини. Исто така изобилуваат со влакна и со есенцијални аминокиселини.

 Фото: Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Изгубивме татко на три деца: Пријателите во шок по смртта на Денис

Како гром од ведро небо денеска не’ затекна веста за прераната смрт на музичарот Денис Демиров. Според првичните информации, 38-годишниот гитарист на „Газоза бенд“ имал проблеми со висок крвен притисок и наводно починал во сон. „Разочарен сум, не можам да поверувам. Изгубивме голем човек, другар, пријател и брат. Изгубивме татко […]