fbpx

Се борев за живот, Бог ми даде втора шанса: Македонскиот пејач си ја отвори душата

Тајзи проговори за тешкото минато

Популарниот пејач и автор Драган Величковски кој публиката го познава под уметничкото име Тајзи во декември наполни 34 години.

Лани, токму на својот роденден тој одлучи да проговори за тешкиот животен предизвик со кој се соочил во тинејџерските денови.

– На 18 години имав страшна операција и бев на работ да го изгубам мојот живот. Во тие моменти се молев на БОГА да не им го прави тоа на моите родители и да ми даде уште една шанса. После таа операција ништо не беше исто, а јас почнав да пеам и да пишувам.. Не знам уште колку ќе сум тука, но додека моето срце чука ќе трае мојата борба за подобро утре, а после тоа ќе останат моите текстови. Должен сум да ви се обратам и да ви ја кажам вистината. Тоа е мојата мисија – напиша музичарот на „Фејсбук“.

Во меѓувреме, Тајзи им откри на фановите дека подготвува нов албум и се надева дека ќе го реализира во наредните месеци.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Бранислав ме силуваше на 18 години: Уште една актерка со шокантно признание

По актерката Даниела Штајнфелд, и нејзината колешка Мерима Исаковиќ одлучи јавно да проговори против Бранислав Лечиќ за кој тврди дека ја силувал кога имала само 18 години. Докажаната актерка првпат по цели 43 години одлучи да си ја отвори душата за „Неделник“ и да проговори за најмрачната епизода во својот […]